За нас
Aesthetica Dental Clinic – Вашиот доверлив партнер за здрава и убава насмевка. Се наоѓаме во Тетово и веќе со години им помагаме на нашите пациенти да ја постигнат и одржат оптималната орална хигиена, користејќи најсовремени технологии и висококвалитетни материјали. Со посветеност кон вашето здравје и задоволство, ние нудиме индивидуализиран пристап и професионална грижа за секој пациент.
Нашиот тим е составен од исклучителни професионалци кои не само што се грижат за вашето орално здравје, туку и за вашата целокупна благосостојба. Водени од принципите на искреност, транспарентност и врвни резултати, во Aesthetica Dental Clinic секогаш се стремиме кон најдоброто за нашите пациенти.
Зошто да не изберете нас
Квалитетна нега
Наша основна цел е да ви обезбедиме стоматолошка нега од највисок квалитет. Со современа технологија и иновации, ние гарантираме ефикасни и безбедни третмани за вашите забите.
Искуство и стручност:
Нашиот тим, предводен од д-р Абдулах Емини, има долгогодишно искуство и експертиза во обезбедување највисок стандард на стоматолошки услуги. Со постојани обуки и најсовремени техники, ние секогаш се стремиме да ги надминеме вашите очекувања.

Персонализиран пристап:
Секој пациент е уникатен, и затоа нудиме индивидуален пристап при планирањето на вашата терапија. Слушаме вашиот проблем и потреби за да создадеме персонализирани решенија што ќе одговараат на вашите специфични барања.
Достапност на услуги:
Со нашата соработка со Државниот фонд за здравство на Република Северна Македонија, ние овозможуваме напредни стоматолошки услуги со поддршка од јавното здравство. Вие добивате квалитетна нега по достапни цени, без компромиси.
Работиме со ФЗОРСМ
Задоволство ни е да објавиме дека AEsthetica Dental Clinic, под раководство на д-р Абдула Емини, постигна договор со Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Ова ни овозможува да обезбедиме напредни стоматолошки услуги со поддршка на јавниот здравствен систем.



Наши услуги
Во Aesthetica Dental Clinic, се гордееме што ви нудиме широк спектар на стоматолошки услуги кои ги опфаќаат сите ваши потреби, од рутински прегледи до напредни стоматолошки третмани. Нашиот пристап е холистички и персонализиран, што значи дека секој пациент добива индивидуална грижа и препораки базирани на неговите специфични потреби. Без разлика дали ви треба козметичка корекција, реставрација или редовна стоматолошка заштита, ние сме тука да ви помогнеме да ја одржите вашата насмевка здрава и блескава.
Нудиме и општи стоматолошки услуги како редовни прегледи, пломбирање, отстранување на забен камен, третмани на коренски канали, како и вадење на заби. Секогаш користиме најсовремени техники и материјали за да го осигуриме вашето максимално задоволство и да спречиме идни компликации. Нашата клиника се стреми да ги задоволи највисоките стандарди во стоматологијата, додека секогаш се фокусираме на вашиот комфор и благосостојба. Специјализирани сме и за:
Забни протези (метал-порцелан)
Совршен избор за функционалност и естетика, нудиме протези од метал и порцелан кои се трајни и изгледаат природно.

Избелување на заби
Подарете си сјајна насмевка со нашите безбедни и ефективни методи за избелување на заби.
Циркониум
Материјал кој гарантира максимална естетика и долготрајност за вашиот забен изглед.
Нанохибридни композити
Современи композити кои се користат за пломбирање на заби со природен изглед и одлична трајност.
Скелетни протези (Висил) protez
За пациенти кои бараат мобилни протези, висил скелетните протези се удобни и долготрајни.
Не ја одложувајте вашата насмевка!
Закажете преглед денес и започнете го патот кон вашата совршена насмевка!

